Телекомуникацискиот оператор ОНЕ ја започнува годината во духот на општествената одговорност, остварувајќи за првпат соработка со Македонската филхармонија.За потребите на Македонската филхармонија, ОНЕ донираше компјутерска опрема, со која во целост ќе се компјутеризира и олесни административната работа на Филхармонијата.
„Се уште сме во знакот на празниците и даруањето. На почетокот на оваа 2014 година, нашиот подарок е компјутерска опрема, наменета за Македонската филхармонија. Праксата за дарување, донирање и помагање за поединци и институции е години наназад втемелена во работењето на ОНЕ и составен дел од општествено полезно делување на компанијата. Со Македонската филхармонија остваруваме соработка првпат, но уверен сум дека оваа соработка во иднина ќе се продлабочи и на друг полиња,“ изјави главниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.
Директорката на Филхармонија, Маја Чанаќевиќ изјави дека оваа компјутерска опрема им била потребна, бидејќи освен што концертите се примарна дејност, постои цел тим кој стои во позадина и работи на извршување на секојдневните обврски.
„Се надеваме дека оваа донација е само почеток на една убава соработка, но и на поголеми и посериозни проекти каде и ОНЕ и Филхармонија ќе ја истакнат својата грижа за граѓаните. Заеднички, животот да го направиме музика,“ изјави директорката на Филхармонија, Маја Чанаќевиќ.