Џонсон им нареди на Британците: Не излегувајте

Британскиот премиер Борис Џонсон им нареди на сонародниците во понеделникот вечерта да останат во своите домови, значително засилувајќи го досегашниот одговор на неговата влада на ширењето на коронавирусот.

Бројот на починатите од последиците од Covid-19 во понеделникот во Велика Британија се зголеми на 335, односно 54 повеќе отколку во неделата. Бројот на потврдените случаи на заразата е 6.650 лица.

„Од вечерва на британсиот народ морам да му дадам многу едноставно упатство: мора да останете во својот дом“, рече Џонсон во телевизиското обраќање до нацијата.

На Британците ќе им биде дозволено да излегуваат само доколку имаат недоложна голема потреба, за набавка на основни продукти и за примање лекарска помош, како и за одење на работното место кога тоа е нужно потребно.

Како и во Германија, и во Обединетото Кралство забрането е собирање на повеќе од две лица, освен за членовите на семејствата. Полицијата ќе има овластувања да спроведува мерки, доколку има непослушни. Владата ќе ги затвори сите продавници во кои не се продаваат неопходните продукти.