Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во неделата објави дека нема да се обиде повторно да стане челник на владејачката Конзервативна партија и следствено повторно британски премиер и покрај тоа што ја има потребната поддршка на пратениците, бидејќи „не е можно ефикасно да се владее без обединета партија во парламентот“, пренесе вечерта BBC.
„Вечерва можам да потврдам дека го минав многу високиот праг од 102 номинации… и утре би можел да ја предадам својата кандидатура“, наведува Џонсон во писмената изјава во која ги објаснува своите причини за таквата одлука.
Британскиот јавен радиодифузер BBC не можел да ја провери бројката што ја споменува Џонсон, бидејќи претходно само 57 пратеници јавно изјавија дека ќе го поддржат.
„Постои голема веројатно дека би бил успешен во изборите со членовите на Конзервативната партија и навистина би можел назад во Даунинг стрит во петок“, додава Џонсон.
„Меѓутоа, во текот на изминатите неколку денови, денеска, за жал, сфатив дека тоа едноставно не би била исправна работа за остварување. Не можете ефикасно да владеете доколку немате обединета партија во парламентот“, вели Џонсон