Орбан обелодени дека расправата на самитот на ЕУ за миграциите била бурна

© REUTERS / Stephanie Lecocq/Pool

Во петокот во бурни услови го одбивме нападот на самитот не Европската унија во Брисел кој е свикан на имигрантите да им се дадат пари и права, изјави унгарскиот премир Виктор Орбан во видеоснимката поставена на социјалните мрежи.

Состанокот на врвот започна мирно и се чинеше дека се’ ќе биде весело, но подоцна стана бурно, вели во пораката Орбан. Додава дека неколку земји ја нападнале Унгарија поради имиграциите и се обиделе да „ја присилат со примерите да прифати мерки кои би ги довеле имигрантите во Европа“.

„Тоа е последниот обид, бидејќи наскоро ќе се случат европските избори и се’ ќе биде готово…. Успеавме да одбиеме уште еден напад“ истакна унгарскиот премиер посочувајќи дека некои учесници на самитот саале „да натрупаат уште пари и права за мигрантите, како и да ги зауздаат земјите кои не сакаат миграции“.

Европските челници во петокот ја завршија сесијата на самитот истканувајќи дека е остварен наводен напредок во миграциската политека, сугерирајќи дека ќе останат истата политика. „Досегашните напори значително ги намалија доаѓањата во Европа во однос на мигрантската криза во 2015 и 2016 година“, се наведува во соопштението, без конкрентно да се апострофираат резултатите од тие напори.

Потсетуваат на моменталните напори да се зајакнат надворешните граници на ЕУ и да се засили соработката со „третите земји“ за подобро да се управува со доаѓањето на имигрантите.

Миграциите станаа политичко чувствително прашање, а повеќето европски челници стравуваат дека тоа би можело да ги зајакне евроскептичните и суверенистички партии пред изборите за Европскиот парламент во мај следната година.

Покрај тоа, земјите членки не можат да постигнат согласнотс и како да се дејствува во поглед на реформите на европскиот систен за азилот. Постојат поделби и околу плановите за проширување на мисијата Фронтекс. По ова прашање, додека Европската комисија во септември предложи до 2020 година значително зголемување на бројот на припадниците на мисијата, за дури 10.000 припадници, европските челници неодамна признаа дека за тоа ќе биде потребно повеќе време. Некои земји членки, исто така, се загрижени дека оваа мисија ќе им го одеземе сувереното право на границите. Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чијашто земја претседава со ротирачкото претседателство на Еу, изјави дека некои членки се загрижени поради јакнењето на Фронтекс, но дека „сепак сите мислиме дека тоа е вистинскиот пат“.