Пред две недели владата ги укина некои од ограничувањата надвор од Будимпешта.
Унгарија посетепенио ќе започне да ги укинува ограничувањата воведени заради коронавирусот во Будимпешта од понеделник, две недели откакосе укинати мерките за изолација во остатокот од земјата, изјавил премиерот Виктор Орбан.
-Стана јасно дека и ние успеавме да ја сузбиеме епидемијата во Будимпешта. Со тоа можеме и претпазливо да прејдеме во втора фаза на намалување на мерките во Будимпешта и на тој начин да ја укинеме блокадата, рекол Орбан во видео на својот службен Фејсбук профил.
Пред две недели владата укина некои огранилчувања надвор од Будимпешта и на нејзината периферија, овозможувајќи продавниците и рестораните повторно да отворат без временски ограничувања.
Базените на отворено исто така ќе започнат со работа, но носењето на маска за лице останува обавезно во продавниците и во јавниот превоз, пренесе „Ројтерс“.