Ѓорчепетровци излегуваат на протест против криминално донесениот ДУП

Ѓорчепетровци во сабота излегуваат на мирен протест, велат точно на пладне ќе ја блокираат главната улица во населбата. Граѓаните на населбата Дексион организирани во Иницијатива против урбано дивеење вела ова следува откако и по две недели се игнорирани нивните барања од страна на општината за ревидирање на ДУП „СЗ 24-Јурија Дексион“, за да се намали градежниот габарит и висината на зградите.

-Сабота (12.09) во 12 часот и ќе ја блокираме главната улица Ѓорчепетровска, веднаш пред локацијата Јурија каде што ќе се градат овие згради!, велат од иницијатнивниот одбор.

Додаваат дека протестот ќе биде мирен и достоинствен, ќе се почитуваат сите заштитни мерки за Ковид-19, а неговата цел ќе биде испраќање порака дека условите за живот на граѓаните се пред парите и урбаната мафија.

-Нашите барања мора да бидат прифатени и овој криминално донесен ДУП мора да биде ревидиран, велат во објавата ѓорчепетровци.

Дали сте свесни како ќе се измени составот на населението и што ќе значи тоа за Ѓорче?, праша жителите на населбата.