Јорданов: За пописот нема консензус, се одржува во сред пандемија, не е по препораките на ЕУРОСТАТ и се злоупотребува европското знаменце

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов денеска во „Стадион“ во Канал 77, а во врска со законот за попис, истакна дека она што е клучно во врска со спроведувањето на попиисот и законот е тоа што нема консензус од сите политички чинители, а власта се повикува на европски стадарди, истиот ќе се одржи во сред пандемија, а со законот се злоупотребило европското знаменце.

Пратеникот Јорданов вели дека ВМРО-ДПМНЕ не е против пописот, како и жали што до сега како држава не сме можеле да спроведеме една ваква операција.

-Проблем е тоа што овој попис нема консензус за да се одржи, а кога се повикуваме на европските стандарди, клучно е да има консензус, односно сите политички чинители да бидат вклучени во процесот и да бидат консултирани, а сега надвор од очите на јавноста се предлага во скратена постапка од три дена, злоупотребувајќи го европското знаменце, вели Јорданов.

Тој посочи дека поради многуте забелешки, опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднела амандмани, за да се направи корекција на предложниот закон не за да се бојкотира или опструира, туку за да се подобри квалитетот на комплексната операција, која е од суштинско значење за развојот на земјава.

-Она што е сомнително е фактот што законот за попис се предлага еден, два месеци пред да се одржи, а секогаш законот за попис треба да се носи и во минатото и во сите други држави, подолг временски период пред да се одржи пописот, истакна Јорданов.

Јорданов исто така посочи дека ако се има во предвид дека не е извршена вакцинација на населението од КОВИД19,, треа да се консултира експертската јавност за да се најде решение кое ќе биде соодветно, за да не се брза, затоа што според Обединетите нации се препорачува заради пандемијата да се одложат таквите операции за 2022 година.

-Многу поразвиени држави од нас како Америка, Канада, го одложија овој процес, а и земјите од соседството кои го одложија исто така спроведувањето  на пописот не затоа што немаат капацитет за справување со пандемијата, многу подобро се справуваат со истата од нас, но процениле дека пандемијата е една од причините за да го одложат пописот, како Бугарија која само електронски ќе го спроведува пописот, објасни Јорданов.

Јорданов вели дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди само критикување, туку и решенија како да биде спроведен пописот, но дека една од главните забелешки бил фактот што пратениците не можат да гласаат закон во кој нема објаснет начин или методологија според која истиот ќе биде извршен.

Пратеникот критикуваше и праша зошто надвор од препораките на ЕУРОСТАТ ќе се попишуваат државјани, а не резидентно население, во која европска или светска држава се врши попис на нерезидентно население, односно државјани?

Тој вели дека со еден клик од Министерството за внатрешни работи може да се провери колку државјани има Република Македонија, кој податок е и во Избирачкиот список, суштината на спроведување на пописот треба да биде колку население живее тука во моментов, за да може да се планира развојот на државата.