Јорданскиот крал Абдула Втори, Кремљ и чешкиот премиер Андреј Бабиш ги отфрлија наводите од ткн Pandora Papers, нова афера за скриени капитали во даночните раеви за стотици светски челници, славни личности и компании кои во неделата ги објави вашингтонскиот Меѓународен конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), пренесуваат во понеделникот светски агенции.
Истрагата на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари наведува повикувајќи се на обемна доверлива документација дека стотоци шефови на држави и влади, политичари и функционери на меѓународни организации, милијардери, спортисти и ѕвезди од шоу-бизнисот, кријат сопственост и капитал на офшор сметки во неоткриени фондациии компании паравани, што предизвика реакции и негирања.
Јарданскиот крал Абдула Втори соопшти во понеделникот дека имформациите за неговата сопственоста во странство наведуваат на погрешно мислење и дека се искривени, тврдејќи дека не станува збор за тајни и дека за купувањето на овие луксузни недвижнини не се користени јавни пари.
За нив „не се зборува јавно од безбедносни и приватни причини, а не затоа што се тајни или поради желбата да се прикријат“, соопшти јорданската кралска палата, пренесува германската новинска агенција DPA.
Авторите на извештајот објавија дека истрагата покажала дека јорданскиот крал купи 14 луксузни недвижнини во периодот од 2003 до 2017 година преки компании кои во извештајот се наведени како паравани и регистрирани во даночните оази. Имотите во САД и во Велика Британија се проценуваат на повеќе од 106 милиони долари.
Тие куќи се купени со приватни средства и немаат ништо со државниот буџет ниту меѓународни помоши, истакна дворецот, додаавајќи дека тие се користени за приватени семејни посети и приеми на функционери и високи странски гости.
Јорданскиот кралски дворец, исто така, ги отфрла таквите наводи додавајќи дека го задржува правото а покренување правни чекори.
Кремљ во понеделникот објави дека не виделе никакви докази во тие документи за наводно скриено богатстово на припадници на тесниот круг на рускиот претседател Владимир Путин и покрај наводите во медиумите.
Весникот The Washington Post, кој е дел од ICIJ, го наведува случајот на Светлани Кривоногиј, Русинка којашто станала сопственичка на стан во Москва преку офшор компанија на карипскиот остров Тортоле во април 2003 година, само неколку дена откако родила девојченце. Во тоа време наводно била во тајна повеќегодишна врска со Путина, пишува американскиот весник повикувајќи се на рискиот истражувачки портала Проект кој се финансира од западни извори.
Кривоногих, нејзината ќерка која сега има 18 годин ,и Кремљ не одговориле на барање за коментари за The Washington Post.
Овој навод потсетува на наводите и од претходниот сличен проект „Panama Papers“, кога руски виолинист роден во Санкт Петербург како и Владимир Путин и со кого се познаваат, беше поврзуван со одредени трансакции во даночните оази.
Портапролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во понеделникот пред домашните и странските новинари во Москва, ја проблематизираше веродостојноста на информациите и порача дека немаат намера да се проверува додека не се појави нешто што ќе го сметаат за веродостојно. Додаде дека архивите содржат многу податоци што отвораат прашања, па „не е јасно како може да им се верува на овие информации“.
„Засега не е јасно какви се тие информации и за што станува збор. Доколку бидат објавени сериозни информации, кои се засноваат на нешто конкретно и се однесуваат на нешто специфично, тогаш со интерес ќе ги прочитаме“, рече Песков.
„Искрено зборувајќи, не видовме во тоа никаво скриено богатство на потесниот круг на Путин“, додаде портпаролот на рускиот претседател.
Неколку дена пред парламентарните избори во Чешка на 8-ми и 9-ти октомври, документи кои го поврзуваат чешкиот премиер Андреј Бабиш со тајна сопственост вредна 22 милиони американски долари во село кај француски Кан.
Бабиш во неделата во телевиско соочување со политичките антиненти ги отфрли сите обвиненија.
„Парите излегоа од чешка банка, оданочен е, тоа беа мои пари, и се вратија во чешките банки“, тврди Бабиш.