Јошко Миленкоски ќе ја предводи македонската одбојкарска репрезентација

Еден од најдобрите македонски одбојкарски тренери Јошко Миленкоски е именуван за нов селектор на нашата одбојкарска репрезентација.

Миленкоски по пауза од 15 години повторно ќе седне на жешкото столче и ќе го предводи „спартанците“ на предизвиците како што се Европската лига, но и Европското првенство на кое ние сме еден од ко-домаќините заедно со заедно со Италија, Бугарија и Израел.

Миленковски долго време е на одбојкарската сцена, има работено во многу клубови во Европа и светот, исто така ја има предводено и селекцијата на Турција.

Во моментов е дел од грчки АЕК со кого пред некое време го освои Купот на Грција.