Ослободени двајцата уапсени за дроновите на британскиот аеродром

Британската полиција во неделата ги ослободи двете лица уапсени во рамки на истрагата за илегална употреба на беспилотни летала на лондонскиот аеродром Гетвик, поради што сообраќајот беше сопрен три дена минатата седмица.

Полицијата во грофовијата Сасекс доцна во петоткот уапси 47-годишен маж и 54-годишна жена од оваа област, откако дроновите летале на територијата на аеродромот меѓу средата и петокот, при што предизвикале пренасочување или откажувањето на околу 1.000 лета со што беа погодени околу 140.000 патници.

„Двајцата уапсени потполно соработувале и задоволен сум што можам да потврдам дека повеќе не се осомничени во истрагата околу инцидентот со дроновите на Гетвик“, изјави во неделата полицискиот началник Џејсон Тинглеј.

Од полицијата наведуваат дека ја продолжуваат истрагата за да ги приведат лицата кои се одговорни за најсериозниот случај на загрозување на воздушниот простор со помош на беспилотно летало на некој голем аеродром во светот.

Дроновите се забелажани над британскиот втор по големина аеродром во средата, поради што летовите беа запрени вечерта во средата, поради што летовите беа откажани во пресрет на божикните празници. Секогаш кога аеродромот во четвртокот повторно се обидувал да го обнови сообраќајот, дроновите се враќале. Властите повторно воспоставија контрола над воздушниот простор, откако војската искористила неидентификувана воена технологија за да ја заштити областа на аеродромот и повторно да овозможи воспоставување на воздушниот сообраќај,

Патниците поради ситуацијата со дроновите беа принудена да спијат на подот во аеродромската зграда или да бараат алтернативни правци до своите празнични дестинации или на божикните семејни собирањ. Водухопловните компании кои летаат од Гетвик ги вклучуваат „easyJet“, „British Airways“ и „Norwegian“.