„Ова повеќе е прашање на емоции, отколку на факти, влошувањето на реториката и емоциите се поради изборите, и кај нас и кај нив. Не да бараме нов договор, да ја вратиме довербата во инструментот. Во овие 100 дена може не се успеа да се врати довербата, но се направи добра основа. Довербата е важна во надминувањето на разликите. Можеше поинаку да се поврзат двата процеси. Никој не би дозволил понижување од бугарска страна, имаше недоразбирање со Захариева, грешка во преводот, состаноците се тензични. Има два сета на прашања на тие состаноци, прашања за преговарачката рамка, да се усогласи текстот, документ од 20-тина страни. Јазикот беше тема на оспорување, тие сакаат јазикот сакаат да е согласно Уставот на Република Северна Македонија. Во овие 100 дена најдовме разбирање за многу прашања“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи во Студио 10 на ТВ24.