Основачот на компанијата McAfee пронајден мртов во шпански затвор

Американско-британскиот програмер и бизнимен Џон Мекафи би пронајден мртов во затвор во шпанија, објави во средата тиражниот дневен весник El Pais, повикувајќи се на полициски извори.

Макафи беше притворен во Шпанија минатата година по потерница издадена од САД. Претходно беше објавено дека шпанскиот Национален суд го одобрил неговото испорачување на американската страна, каде што беше обвинет за затајување данок.

Според весникот, Џон Мекафи бил најден мртов во неговата затворска ќелија општината Санте Естев Сесровирес, во провинцијата на каталонската престолнина Барселона. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но не успеале да го спасат. Правосудните органи на покраината Каталонија започнале истрага за случајот, но според изворите на El Pais сите сознанија досега укажуваат дека 75-годишниот Мекафи извршил самоубиство.

Бизнисменот во 1987 година ја основа компанијата „McAfee“, која е еден од поголените светски создавачи на антивирусни софтвери Во 2011 година компанијата беше купена од корпорацијата „Intel“.

Кон средината на јуни се одржа судското ослушување во врска со барањето за негова екстрадиција од Шпанија во САД, на коешто Мекафи се опиша себеси како жртва на политички прогон од страна на Соединетите држави, отфрлајќи ги сите обвиненија за него. Обраќајќи се тогаш пред судот, Мекафи рече дека доколку биде предаден на САД, „сигурно ќе го заврши својот живот во затвор“.

Федералното обвинителство на Западниот округ на американската сојузна држава Тенеси во октомври 2020 година за медиумите соопшти дека американските власти го обвинуваат Мекафи за затајување данок. Обвинителството истакна дека Мекафи заработил милиони долари, особено преку операции со криптовалути, за консултации, платени настапи и продажба на правата за правњет биографски документарен фулм за него.

„Во периодот од 2014 до 2018 година, Мекафи не поднел даночни пријави, и покрај тоа што добил значителни суми од споменатите извори“, истакнаа тогаш од обвинителството.