Осомничениот за бомбашкиот напад во Нешвил верувал во луѓе-гуштери

Иследниците за бомбашкиот напад кој се случи утрото на Башик во американскиот град Нешвил добиле докази дека осомничениот бомбаш бил убеден во постоењето вонземјани и луѓе-гуштери, според извор од безбедносните служби.

Американските сојузни, државни и локални припадници на безбедносните служби сѐ уште настојуваат да откријат зошто 63-годишниоте електорнички специјалист осомниечениот Ентони Квин Ворнер, кој загинал во експлозијата, ја детонирал бомбата во неговото камперско возило на 26-ти декември во центарот на Нешвил во сојузната држава Тенеси. Според досегашните сознанија, очигледно е дека Ворнер не сакал да предизвика човечки жртви.

Локалниот телевизиски канал Channel 5 Nashville извести викендот дека човек кој го познавал осомничениот на Нова година добил пакет со поштенски печат од два дена пред експлозијата, во кој биле најмалку девет испишани листови во два USB стика. Примачот го предал пакетот во Федералното биро за истраги (FBI).

Иако на пакетот не била наведена адреса за враќање, во писмото се споменуваат разни теории на заговор, вклучително и тврдењето дека вонземјаните започнале со напади врз Земјата, и содржината укажувала дека веројатно пакетот дошил од Ворнер, според прилогот на телевизијата.

Записите кои му се припишуваат на Ворнер, исто така, укажувале и дека верувал дека луѓето-гуштери го контролираат светот и дека ја измениле човечката ДНК.

„Познато ни е дека осомничениот испраќал материјали кои ги отркиваат неговите ставови, на адреси на ноколку познаници ширум земјата“, изјавил во неделата агентот на FBI, Џејсон Пек, апелирајќи до сите кои добиле такви пакети да го контактираат бирото, пренесува Reuters.

Возилото на Ворнер, паркирано во центарот на Нешвил, експлидараше по 6 часот утрото на Божик кусо време откако го забележала полициска патрола повикана поради истрели. Полицајците од возилото слушнале музика и дигитално генериран женски глас како предупредува дека во него има бомба и одбројува до детонацијата.

Експлозијата се случи во мугрите во кварт во кој главно се седишта на претпријатија и дуќани, и кога на улиците на првиот празничен дена немало многу луѓе, па Ворнер е единствената жртва на големата детонација во која тешко се оштетени повеќе од 40 згради и објекти.