Потврдена e слободата на велешанката Пале Иловска, која го усмрти насилниот партнер додека ја давел, откако скопскиот Апелационен суд во четвртокот ја потврди ослободителната пресуда.
Младата велешанка со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Иловска беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова.
Илиовска е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел. Гајдова го оправда ослободувањето на Иловска со тоа што таа се бранела од насилниот партнер.
Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста кога се дозна дека таа неколкупати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката Пале докажуваше дека таа го убила со убод во нож додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана. Таа беше и во куќен притвор