Остар скок на новозаразените во Србија, двојно повеќе од ден претходно

Српските здравствени власти во петокто забележаа ненадеен остар скок на бројот на заразените со коронавирусот откако во последните 24 часа меѓу 4.795 тестирани лица потврдена е инфекцијата кај 96, двојнот повеќе од четвртокот кога имаше 48 новозаразени, но епидемиолозите тврдат дека „нема место за паника“, туку повикуваат само на претпазливост/

Епидемиологот Зоран Радовановиќ смета дека бројот на заболените претставува „непријатно изненадување“, потсетувајќи дека „веќе неколку дена поголем бројот на новозаболените отколку што би се очекувало“. Неговата оцена е дека последните денови „веројатно се појавило некое ново жариште“.

Коментирајќи го зголемувањето на бројот на новозаболените, Радовановиќ објасни дека никогаш „епидемиолошката крива не оди рамномерно, секогаш има повремеи скокови и оди забесто“.

Радовановиќ алудирајќи на предизборната кампања за изборите на 21-ви јуни, оцени дека може да се случи во време на изборите бројот на заболените да биде меѓу нула и пет.

„Можеби 21-ви јуни ни направи малку нестабилно да тргнеме кон одлуката дека сѐ минало, а всушност сѐ уште не е… Можеби препрзо се пристапи кон релаксирањето на мерките. Но дури и да не, се случува да избувне некое жариште, да се зголеми бројот на заилените“, вели Радовановиќ за агенцијата FoNet.

„Нема место за паника, но треба да се биде внимателен“, изјави членот на владиниот Кризен штаб, епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ коментирајќи го растот на бројот новозаразени со коронавирусот.

Кризниот штаб, како што пренесе Радио-телевизија на Србија (РТС), по денешната одлука дека со задржување на оддалеченост од еден метар, повеќе нема ограничувања за бројот лица кои може да се соберат на отворен простор. Во затворен простор наместо досегашните 100, во иднина под исти услови може да има 500 лица.

Тиодоровиќ објасни лица позитивни на присуството на коронавирусот кои немаат симптоми повеќе не мораат да одат во привремените болници, туку во донашна изолација на 14 дена, по што мора повторно да се тестираат.

„Од 15-ти јуни очекуваме попуштање на сите ограничувања во Европа, тие наскоро ќе бидат симнати, и јас се надевам дека и ние на Балканот ќе биде ослободени од тоа“, рече Тиодоровиќ за РТС.

Според соопштението на министерството за здравство, во Србија во последите 24 часа од последиците на инфекцијата со коронавирусот починало уште едно лице, односно досега вкупно 247 лица, додека бројот на заразениет со досегашните 96 достигна 11.667 лица. На болничко лекување се 390 лица, од кои во моментов 12 се на респиратори.

Од почетокот на епидемијата во Србија на 6-ти март до денес тестирани се 266.061 лице, а од вкупно 11.667 заразени, излекуван е 6.931 пациент.