Во вторникот околу 19,30 часот на пат во близина на брана„“Шпилје“, патничко моторно возило „фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 81-годишниот А.А. од Дебар, кое напуштило лице место а потоа било пронајдено, удрило во 170годишен велосипедист од Дебар, информира МВР.
По несреќата, на велосипедистот во болницата „Свети Еразмо“-Охрид му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Дебар.