Срцевата слабост е фактор кој ја удвојува веројатноста за смртен исход од инфекцијата со коронавирусот SARS-CoV-2, покажуваат резултатите од истражувањето објавени во списанието ESC Heart Failure.
Како што појаснува кардиологот и водечки автор на студијата од „North Bristol NHS Trust“ и „Bristol Heart Institute“, Амардип Дастидар, луѓето со срцева слабост неизоставно треба да се вакцинираат против Covid-19. Истакнува дека пациентите со ваков вид здравствени нарушувања мора да бидат ставени во групата лица со висок ризик, без оглед на нивната возраст. Им препорачува задолжително да ги одржуваат физичката одалеченост и социјалното дистанцирање, како и секогаш да носат маска.
Во студијата се забележва дека срцевата слабоста се однесува на прогресивното слабеење на функцијата на пумпање на срцето со симптоми на отежнато дишење, отекување на глуждовите и замор. Ненадејното и сериозно влошување на овие симптоми се нарекува акутна срцева слабост. Во вакви случаи, за некои пациенти би можело да биде потребно да бидат хоспитализирани, проследено со интравенско администрирање на лекарства.
Научниците следеле пациенти со акутна срцева слабост во текот на пандемијата, како и смртни исходи кои настанале во текот на 30 дена. Ги анализирале случаите на 283 пациенти со акутна срцева слабост, кои биле примени во болницата „NHS Trust“ во Северен Бристол. Две третини од нив имале хронична форма на заболувањето или имале актуно влошување на состојбата. Научниците идентификувале две групи пациенти: пред појавата на коронавирусот во земјата од 7-ми јануари до 2-ри март, и потоа од 3-ти март до 27-ми април 2020-та. Првиот смртен исход поврзан со Covid-19 во Велика Британија беше регистриран на 2-ри март 2020 година.
Во текот на пандемијата имало суштинско, но притоа статистички незначително намалување на бројот на хоспитализациите со актуна срцева слабост. Истражувачите забележале дека во првиот временски период, 164 лица биле хоспитализирани, а потоа 119 пациенти, односно показателот се намалил за 27 отсто. Др Дастидар истакнува дека овој показател може да е одраз на загриженоста на граѓаните во врска со социјалното дистанцирање на почетокот од изолацијата, како и на вознемиреноста поради одењето на лекар.
„Во поткрепа на ова, податоците покажуваат зголемување на бројот на посетите на специјалисти во последните седмици од карантинот“, појаснува кардиологот. Притоа потсетува дека британските медиуми апелираа до граѓаните неизоставно да побараат медициснка помош доколку сметаат дека е потребно.
Притоа, стапката на смртност кај пациентит со акутна срцева слабост речиси двојно се зголемила за време на истражувањето. Околу 11 отсто од лицата од првата група со ова заболување починале во рок од 30 дена, а во втората група 21 отсто. Кога пациентите кои биле позитивни на коронавирусот биле издвоени од анализата, немало разлика во смртноста меѓу двете групи, што според научницете укажува на тоа дека пациентите со актуна срцева слабост и коронавирус имале полоши изгледи.
„Ова може да укажува на директна поврзаност или предиспозиција за полоши исходи кај пациентите со актутна срцева слабост со надредена инфекција со коронавирусот“, вели кардиологот
Др Дастидар истканува дека во перидот кога било спроведувано истражувањето не било толку раширано тестирањето на коронавирсуот. Истакнува и дека треба да се разгледаат податоците кога тестирањата за Covid-19 се изведувале далеку помасовно. Покрај тоа, лекарот нагласува дека студијата е спроведена само во еден центар, а заклучоците на истражувачите треба да бидат потврдени со поголемо количество податоци.