![avtomati kazino Откриена нелегална обложувалница во Теарце](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/avtomati-kazino.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Четириесет и тригодишниот М.Р. од село Теарце тетовско доби кривична пријава поради сомнение дека приредувал игри на среќа без дозвола од надлежен орган.
Полицијата во содејство со УЈП на 27. Јануари годинава извршила контрола во спортска обложувалница во Теарце при што бил затекнат пријавениот и е утврдено дека истиот приредувал игри на среќа без регистрирана фирма и лиценца за работа.
Во самиот објект е затекната и опрема за потребите на спортската обложувалница во Теарце.
Покрај најново откриената нелегална обложувалница во Теарце, полицијата минатата година откри нелегална спортска обложувалница и во Кичево, а повеќе лица од други градови во земјава исто така се здобија со кривична пријава поради приредување игри на среќа на нелегален начин.
Нелегална обложувалница откриена и во Кичево
Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела “приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.А. (34) од кичевското село Грешница, Н.А. (41) од селото Зајас како и против правниот субјект „Студио д Бест“ сопственост на Н.А.
На 27-ми февруару минатата година, полициските службеници и инспекторите од УЈП-регионална дирекција Тетово, извршија контрола во уплатни места на спортска обложувалница „Џокер“ лоцирани во нерегистририрани објекти-чајџилница во селото Грешница сопственост на Г.А. и во „Студио д Бест“ соственост на Н.А. во селото Зајас, регистрирано за вршење фотографски услуги.
При извршената контрола, констатирано е дека двајцата сопственици работат спротивно на Законот за игри на среќа и забавни игри.
Тие обавувале дејност на спортска обложувалница без да поседуваат лиценца од Министерството за финансии на Република Македонија.
Минатата година полицијата исто така откри повеќе лица кои во повеќе градови во земјава на нелегален начин приредувале игри на среќа.