
При инспекцијата во вакциналните пунктови најдени се нови вакцини со декларации со истечен рок, објави „Независен“.
Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД – Ќахил Ибраими, засега не открива за колку МРП вакцини се работи и во кои здравствени домови и во кои градови се откриени.
Треба точно да се утврди на колку вакцини им биле аплицирани декларации со истечен рок, а Ибраими очекува резултатите да ги добијат и објават денеска. Тој потсетува дека кај вакцините нема проблем со рокот, туку се работи за техничка грешка при која биле залепени погрешни декларации.