Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија стартува со проектот „Отворен ден со граѓаните“, во чии рамки сите заинтересирани субјекти ќе можат да се информираат за сите прашања поврзани со работата на подружниците на акционерското друштво низ земјата.
Средбите со граѓаните на кои ќе присуствува и генералниот директор Цветко Грозданов ќе започнат од Охрид, а првата средба е предвидено да се одржи денеска во периодот од 10 до 14 часот во Подружницата на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор на булевар „Туристичка“.
До крајот на годинава „Отворен ден со граѓаните“ ќе се одржи и во подружниците во Битола и Ресен на 20 декември, Прилеп на 23 декември, Кичево на 27 декември и Тетово на 30 декември. Во подрачните единици во Велес, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Штип, Кочани, Куманово и Скопје проектот ќе се реализира во текот на јануари 2014 година.