Основниот суд Скопје 2 денеска отвори стачајна постапка за телевизијата Нова, на бизнисменот Сеад Кочан.
Од судот не даваат детали за случајот но потврдија дека е донесено решение во врска со барањето на доверителите за отворање на стечајна постапка.
Судот донесе решение кое треба прво да биде напишано па испратено во Службен весник. Веројатно истото ќе биде објавено следната недела, велат од Основниот суд Скопје 2.
Извори од доверителите велат дека на денешното рочиште освен доверителите, поранешни вработени во телевизијата бил присутен непозант човек кој се претставил како новиот инвеститор во телевизијата.
Наводниот инвеститор ниту поднесе писмен план ниту пак усно образложи како и колку ќе инвестира во телевизијата. Поради тоа судијата ја отфрли неговата „гаранција“ по што беше разгледан Извештајот на привремениот стечан управник, велат извори од доверителите.
Телевизијата има право на жалба до Апелацискиот суд по што и дефинитивно ќе се знае кога и како ќе продолжи стечајната постапка на телелвизијата.
Предлогот за отворање на стечај го поднесоа 43 поранешни вработени во телевизијата. На листата на доверители се новинари, сниматели и монтажери.