Предистражна постапка за „Рекет 2“ веќе е започната потврдуваат за „Алфа“ од Јавното обвинителство.
-Кривичната пријава поднесена од Вера Иванова против Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, Министерот за здравство Венко Филипче, а која беше и проширена против уште едно лице е распределена кај јавен обвинител. Започната е предистражна постапка, велат од ЈО.
Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предупреди дека ако Јавното обвинителство не е транспарентно во постапките, јавно ќе ги објава документите што ги поседуваат за оваа афера.