Ова мажите го забележуваат во првите пет минути од запознавањето

Доколку сте се прашувате што му поминува низ глава додека се запознавате, еве прилика да дознаете.

  1. Зошто така говори?

Повеќето мажи откривање на три различни видови на женски глас, длабок, висок и глас што се вика: намерно- говорам – со – бебешки – тон – затоа – што – мислам –дека – така – сум – посимпатична – за- спротивниот – пол. Некои мажи сметаад дека овој глас е сладок, а на други им задава главоболка.

  1. Зошто ми се насмевнува?

Секој маж сака да биде во друштво на добро расположена жена, но секој поединец ќе се прашува што е причината за таа насмевка. Дали станува збор за победничка насмевка, или нешто повеќе?

  1. Што е тоа што си го облекла?

Постојат две можности: Или ќе биде воодушевен или ќе се прашува што е тоа што сте го облекле!

  1. Дали има смисла за хумор?

Секој човек за себе мисли дека има одлична смисла за хумор, но останува фактот дека некој се смее на вашите шеги, а други не ги разбираат. Ако жената не го разбира, тешко дека мажот ќе биде заинтересиран за понатамошно дружење.

5.Во што гледа?

Погледот вперен во екранот на телевизорот, на пример, укажува на тоа дека дамата можеби се досадува додека погледот фиксиран на излезот може да значи дека размислува за бегство. Бидете внимателни каде гледате, бидејќи тоа многу говори за вас.

  1. Дали забележува дека ја „меркам“?

На мажите очите „несвесно“ ќе им прелетаат по целото тело на жената. И најљубезниот маж во светот ќе размисли за можноста за да има секс со вас.

  1. Каков мирис е тоа?

Ако жената мириса на некој поизразен парфем, мажот ќе се обиде да дознае за кои мириси се работи. За жал, неговиот нос и познавање за парфемите не оди подалеку од откривање на мирисните ноти на ванила и лимон.

 

  1. Како да се однесува кон келнерот?

Мажите знаат дека многу за една личност може да се открие начинот на кој тие ги третираат луѓето околу нив. На пример, дали е љубезна со келнерот, или му прави вистински проблеми, затоа што смета тој не заслужува почит.

  1. Зошто ме допира?

Мажот ќе биде почестен ако жената му ја допира раката или рамото за време на првиот разговор или запознавањето. Меѓутоа, ако целиот разговор го помине со несоодветни допирање или боцкање, тој ќе си замине изнервиран од нејзиното однесување.

  1. Која е таа шминка?

Некои мажи преферираат природен изглед, други претпочитаат да гледаат во женските усните на жената премачкани со црвен кармин. Но, секој маж, генерално, ќе забележи присуство или недостаток на шминка на лицето на жената и согласно на тоа ќе донесе одлука.