Владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети договараат консензуален кандидат за претседател на државата, само се’ уште не е јасно дали тоа ќе биде надпартиски или партиски кандидат.
Од СДСМ за вечерва најавија дебата во централниот одбор на партијата дали со претседателските избори ќе има и вонредни парламентарни избори. Но ќе се почне и со номинирање на кандидати за претседател на државата и за градоначалници на Дебар, Охрид и Ново Село.
Пратеникот Реџаил Исмаили од ДУИ, во емисијата „Патот кон“ на Алсат, посочи дека за партијата, како кандидати за консензуален претседател се прифатливи Денко Меалески, Лазар Еленовски, Владо Поповски и Луан Старова.