Ова се вашите права како патник, добро запомнете ги!

Ова се вашите права како патник, добро запомнете ги!
Ова се вашите права како патник, добро запомнете ги!

Со договор за превоз на патник превозникот се обврзува да го превезе патникот до одредено место, а патникот се обврзува да му плати соодветен паричен надоместок  на превозникот. Превозникот е должен да го прими на превоз секое лице и секој предмет што ги исполнуваат условите определени во општите услови за превоз, пишува „Правдико

Превозникот е должен да продава билети за превоз сразмерно со капацитетот на возилата со кои располага и/или му се одобрени за одржување на одредена линија за која поседува дозвола.

Договор за превоз на патник се склучува меѓу превозникот и патникот, корисникот на  превоз и организаторот за превоз или меѓу превозникот и организаторот на превоз. Со договор за превоз, склучен меѓу превозникот и корисникот на превоз и/или  организатор на превоз, превозникот се обврзува дека под условите утврдени со договорот за превоз и со општите услови на работење на превозник, ќе го превезе патникот заедно со  багаж што ќе го одреди корисникот на превоз и/или организаторот на превоз. Превозникот е должен на патникот да му издаде возен билет. Возниот билет е доказ дека е склучен договор за превоз со патникот и по правило, гласи на доносител, а може да гласи и на име. Ако договорот за превоз е склучен со корисник на превозот и/или организатор на превоз превозникот, по правило, не издава возен билет.

Превозникот е должен да го превезе патникот според објавениот возен ред, со возило што ги исполнува условите утврдени со прописи за возила и посебните техничкоексплотациони услови пропишани за одделните видови на превоз. Исто така  е должен на патникот да му обезбеди означено место во одредено возило или превоз со одредено возило, ако тоа е посебно договорено.

Враќање на сумата за билетот поради откажување на патникот

Превозникот е должен  да му ја врати на патникот сумата платена за конкретното патување ако патникот се

Превозникот е должен  да му ја врати на патникот сумата платена за конкретното патување ако патникот се откаже од патувањето, во внатрешниот патен сообраќај најдоцна два часа пред почетокот на патувањето, а во меѓународниот патен сообраќај најдоцна шест часа пред почетокот на патувањето.
Превозникот е должен да му ја врати на патникот сумата платена за конкретното патување ако патникот се откаже од патувањето, во внатрешниот патен сообраќај најдоцна два часа пред почетокот на патувањето, а во меѓународниот патен сообраќај најдоцна шест часа пред почетокот на патувањето.

откаже од патувањето, во внатрешниот патен сообраќај најдоцна два часа пред почетокот на патувањето, а во меѓународниот патен сообраќај најдоцна шест часа пред почетокот на патувањето. Ако патникот се откаже од патувањето во предвидените  рокови превозникот може да задржи најмногу 10% од износот на сумата платена за конкретното патување.

Ако патникот го користи своето право спротивно од горенаведените рокови, превозникот има право на надоместок на штета во висина од 50% од сумата платена за конкретното патување.

Доцнење на превозникот

Ако превозот не започне во времето што е одредено  за превоз или со возен ред на превозникот,  патник, односно корисникот на превоз и/или организаторот на превоз може да се откаже од договорот за превоз и да бара да му се врати сумата платена за договорениот превоз.

Прекин на превозот

Ако во текот на превозот дошло до прекин на превозот од причини за кои патникот не е одговорен, патникот има право да бара превозникот, заедно со багажот, со свое или друго соодветно превозно средство, да го превезе до местото на определување. Доколку превозникот не го превезе патникот до местото за определување во рок од 60 минути, патникот има право да бара превозникот, заедно со багажот, да го врати на појдовното место и да му ја врати сумата платена за соодветниот превоз.

Одговорност за штета на превозникот

Превозникот одговара за штета настаната поради   смрт,   загрозување на здравјето или повреда на патникот и за штета поради задоцнување или прекин на патувањето.   Превозникот одговара за штета што на патникот му ја предизвикало лице кое по негов налог работи на извршувањето на превозот.

За штета настаната поради смрт, загрозување на здравјето или повреда на патникот  одговара превозникот ако таквата штета настанала за времето за кое патникот се наоѓа во возилото. Превозникот не одговара за штета настаната поради смрт, загрозување на здравјето или  повреда на патникот, во случај ако докаже дека штетата е предизвикана со дејствие на  патникот или од надворешна причина што не можела да се предвиди, да се избегне или да се отстрани.

Штета поради задоцнување или прекин на патувањето

За штета настаната поради задоцнување или прекин на патувањето превозникот не е одговорен ако докаже дека до задоцнувањето, односно до прекинот не дошло поради негова вина. Барање за надоместок на штета во случај на задоцнување, односно прекин на патување, патникот го доставува до превозникот во рок од седум дена од денот кога патувањето е завршено, односно од денот кога требало да биде завршено.

Ако барањето за надоместок на штета не се достави во предвидениот рок, превозникот повеќе не е одговорен за таа штета.

Одговорност на превозникот за багаж

За штета настаната од загубување или оштетување на багажот превозникот одговара според одредбите на овој закон што се однесуваат на надоместок на штетата поради загубување или оштетување на предмети предадени за превоз, само доколку патникот има платено налепница за багаж.

Превозникот одговара за штета настаната со загубување или оштетување на рачниот багаж, ако патникот докаже дека до штетата дошло по вина на превозникот.
Превозникот одговара за штета настаната со загубување или оштетување на рачниот багаж, ако патникот докаже дека до штетата дошло по вина на превозникот.

Превозникот одговара за штета настаната со загубување или оштетување на рачниот багаж, ако патникот докаже дека до штетата дошло по вина на превозникот.   Ако загубувањето или оштетувањето настанало под услови во кои дошло до смрт, оштетување на здравје или до повреда на патникот,   превозникот одговара за рачниот багаж, освен ако докаже дека штетата е предизвикана со дејствие на патникот.

Се претпоставува дека багажот е загубен ако на патникот не му е предаден во рок од 30 дена од денот кога патникот го завршил патувањето. Износот на оштетата за загубување или оштетување   на багажот   за која одговара превозникот, не може да го премине износот од 9.000 денари по една налепница за багаж.

Ако се согласи со барањето на патникот , превозникот е одговорен за штета до износот назначен во налепницата за приемот на багажот.

Ослободување од одговорност

Превозникот не одговара за штета поради загубување или оштетување на багажот ако патникот не му достави на превозникот приговор веднаш по завршувањето на патувањето, односно по преземањето на багажот.Ако  штетата  на  багажот  настанала  поради  сообраќајна  несреќа  или  од    други  објективни причини поради кои патникот не можел да поднесе приговор во рокот , приговорот мора да се поднесе  штом тоа е можно, а најдоцна во рок од 30 дена од денот кога  патувањето е завршено или кога требало да биде завршено.

Рекламација

Побарување кое произлегува од договор за превоз, имателот на правото може да го оствари  со  поднесување  рекламација  до  превозникот  во  писмена  форма,  или  со поднесување тужба до надлежен  суд, доколку превозникот во рок од 15 дена од денот на доставувањето на рекламацијата не ја исплати бараната оштета. На барање на имателот на правото превозникот плаќа казнена камата од денот на доставувањето на рекламацијата.

На побарувања од превозникот каматата тече од денот на истекот на определените рокови за исплата на договорената превознина и други трошоци не планирано настанати без вина на превозникот во текот на извршување на превозот.

Извор: „Правдико“