![pandev isprakanje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/pandev-isprakanje.jpg?resize=696%2C402&ssl=1)
Легендарниот Горан Пандев и дефинитивно стави крај на репрезентативната кариера и го одигра последниот натпревар во националниот дрес на денешната средба со Холандија.
Последниот натпревар од Европското првенство за Македонија против „лалињата“ беше последен и за големиот Горан Пандев кој беше заменет во 70. минута и со шпалир од своите соиграчи беше испратен во репрезентативна пензија.
Немаше присутен на „Јохан Кројф“ арената кој со овации не го испрати Пандев. Сите репрезентативци на Холандија, нивниот селектор Франк Де Бур, како и поранешниот соиграч на Пандев од Интер, Весли Санјдер со аплаузи го испратија играчот кој со многу емоции го напушташе теренот отстапувајќи му го местото на Тихомир Костадинов.