Северна Кореја потврди во четвртокот дека успешно од подморница лансираlа балистички проектил (SLBM) од нов тип со кој ја зајакнува својата одбрана и да ги одврати надворешните закани, во пресрет на најавените нукеларни преговори со САД.
„Академијата за одбранбени науки на Корејската Народно-Демократска Република успешно изведе пробно лансирање во вертикален мод на новиот вид балистичка ракета од подморници ‘Pukguksong-3’ во водите на заливот Вонсан во Источно-Корејското Море во средата утрото“, се наведува во сооопштението кое го пренесе севрнокорејската службена новинска агенција KCNA.
Во средата утрото Јужна Кореја и Јапонија регистрирале лансирање на севернокорејски балистички проектил во источна насока. Ракетата паднала 350 километри од јапонската префектура Шимане во областа на ексклузивната економска зона на Јапонија. Опсегот на летот изнесуваl 450 километри, а била достигната височина од 900 километри. Последниот пат ваков тест беше изведен во ноември 2017 година.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Штефан Дужарик, на брифинг со новинари изјави дека новото лансирање на блистичка ракета од Северна Кореја ги крши реолуциите на Советот за безбедност при светската организација.
Подморничките ракетни носачи, заедно со интерконтиненталните балистички проектили и проектилите за стратешки бомбардери, ја сочинуваат таканаречената „нуклеарна тријада“. Се верува дека само САД, Русија и Кина ја поседуваат целосно ваквата „тријада“.
Лансирањето од средата е досега најпровокативниот чин од страна на Пјонгјанг откако во 2018 година започнаа по долги години нуклеарните преговори со САД и потсетник дека Северна Кореја агресивно го развива својот арсенал, вклучително и интерконтинанталните балистички проектили, сметаат аналитичарите.
Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун им испратил „топли честитки“ на стручњаците кои го извеле пробното лансирање, објави агенциајта KCNA, сугерирајќи дека самиот Ким не пристуствувал на тестот, како што беше случајот во претходните тестирања на новите оружја.
Ова лансирање е веројатно потсетник од Северна Кореја, која ги одбива резолуциите на ОН за забрана за развивање на технологијата за балистички проектили како кршење на правото на самоодбрана, на способноста на нејзиниот арсенал во пресрет на преговорите со САД, сметаат аналитичарите.
Преговорите чија цел е запирање на севернкорејската нуклеарна и балистичка програма се во застој од вториот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун во февруари годинава во Виетнам, кој заврши без договор.