Паѓа бројот на новозаразени во Србија, 162 случаи од над 2.600 тестирани

Српскиот епидемиолог Предраг Кон

Во Србија во последните 24 часа се забележани 162 нови случаи на заразата со новиот тип коронавирус, додека во средата беа регистрирани 244 сличаи, а тестирани се 2.688 лица, соопштија здравствените власти во четвртокот.

Од почетокот на епидемијата на 6-ти март до денеска во 15 часот се направени 51.324 тестови, а коронавирусот е потврден кај вкупно 7.276 лица, од кои 3.477 се хоспитализирани а од нив 96 од нив се на респиратори. Притоа, од почетокот на епидемијата заразени се 622 здравствени работници.

Во последните 24 часа во Србија починале уште пет заболени, што е досега вкупно 139 жртви на забилувањето Covid-19, додека 1.063 лица се излечени.

Членот на владиниот Кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, укажа на епидемиолошката статистика и резултатите кои покажуваат дека Србија „излегува од тешката ситуација со коронавирусот“, како и дека екцесите кои може да придонесат за ширење на заразата се сѐ поретки.

„Дури и доколку ексцесите и се случат, не можат да го зголемат потенцијалот на вирусот“, рече Кон на редовната дневна прес-конференција на здравствениот кризен штаб.

Кон предупреди дека враќањето на коронавирусот е можно, потсетувајќи дека на тоа укажува и Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
Кон рече дека токму затоа „мроа да се размислува како Србија да ги сочува и капацитетите и способноста за брзо резгирање“, истакнувајќи дека воведените мерки треба постапено да се ублажуваат. Според неговата процена, споредичните случаи ќе продлжат и во следните две седмици, но оти Србија излегува од епидемискиот тренд на болеста.

Претходно денеска српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека владината мерка со којашто полицискиот час од петокот до понеделникот ќе биде на сила уште најмалку еден викенд, а можно е и за викендот за први мај.