Пад на бројот нови коронаинфекции во Франција, но и натаму многу хоспитализирани

Франција во понеделникот забележала 4.005 нови случаи на зараза со коронавирусот, најмалку од август, но падот на бројот на хоспитализираните со дијагностициран Covid-19 забавил па стручњаците предупредуваат дека епидемијата и натаму претставува закана.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата седмица најави дека „заклучувањето“ во најголмиот дел од земјата може да биде укинато на 15-ти декември, доколку бројот на новозаразените на дневно ниво се намали до 5.000 случаи, а бројот на пациентите на одделите за интензивна нега се движи меѓу 2.500 и 3.000 лица.

Бројот на новозаразенит по правило во понеделникот е помал во однос на другите денови, поради помалкиот број спроведени тестови во неделата, а седумдневниот просек денеска изнесува 11.118, што е најмалку во речиси двата последни месеца.

Бројот на пациентите на одделите за интензивна нега во понеделникот паднал за само пет на 3.751, откако во неделата овој показател се намали за 22 вакви случаи. Во претходните пет дена, бројот на пациентите на интензивна нега вкупно се намалил за 677 пациенти.

Од почетокот на епиденијата во февруари, во Франција досега се потврдени 52.730 смртни случаи поврзани со заразата со коронавирусот, со што земјата е на седмото место во светот.