Паднал од седми кат и убил посетител на концерт во чест на ABBA

Две лица го загубиле животот а едно е повредено во вторникот вечерта во концертна сала во шведскиот град Упсала кога едно од нив паднало од седмиот кат врз двајца посетители, соопшти полицијата.

Илјада посетител се собрале во „Uppsala Konsert&Kongres“, модерна повеќекатница во којашто требало да се одржи концертот во чест на прославената шведска поп-група ABBA.

„Добивме повик во врска со лице кое скокнало или паднало од голема височина во концертната сала во центарот на Упсала“, изјавил за AFP портпаролот на полицијата Магнус Јансон Кларин.

Во предворјето на салата е отворен простор во кој паднало лицето од седмиот кат врз двајцата посетители, од кои едниот починал а другиот е полесно повреден. Лицето кое паднало, исто така, смртно настрадало.

Портапролот Кларин не сакал да го открива индентитетот на жртвите додека не бидат известени сите членови на нивните семејства.

„Прерано е да се каже дали станува збор за кривично дело“, истакнал Кларин.

Несреќата се случила околу 18 часот по средноевропско време додека посетителите влегувале во концертната сала. Концертот требало да започне во 19,30 часот, но е откажан поради инцидентот.