Памела Андерсон се разведува по само 12 дена

Американската актерка Памела Андерсон најавила раскинување на бракот со продуцентот Џон Питерс.

Според сознанијата на The Hollywood Reporter, 52-годишната Андерсон и 74-годишниот Питерс се венчале на приватна церемонија во Малибу на 20-ти јануари годинава, но нивниот брак не бил официјално регистриран.

„Треба да сфатиме што сакаме од животот и еден од другиот, сметаме на вашата поддршка во овој период. Животот е патешествие, а љубовта е процес“, ја цитира телевизискиот канал Fox News изјавата добиена од претставник на актерката.

Според соговорниците на телевизијата, двојката никогаш не започнала да живее заедно.

Памела Андерсон зад себе има веќе четири брака. Избраници на нејзиното срце беа рок-музичарите Томи Ли и Кид Рок, како и двапати филмскиот продуцент Рик Саломон.