Пандов: Македонија од Заев доби партизирано судство, руинирано здравство и образование кое што не функционира

Денес во емисијата „Само Вистина“ гостуваше Александар Пандов, прв човек на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи од Заев Македонија и граѓаните ништо не добија освен партизирано судство, руинирано здравство, и образование кое што не функционира.

„Сведоци сме, гледа дека жена во судството која ги осуди на 300 години затвор уставобранителите, жена која што не најде вина кај Зоран Заев за „Поткуп“, жена на која што одлука и падна на Уставен суд, и поништи одлука Уставен суд, оној Уставен суд кој како што ДИК и СЈО си давале 35%, е таа Добрила Кацарска била најзаслужна и ќе ја правеле Уставен судија. Тоа ви покажува како партизираноста е навлезена во државата“, истакна Пандов.

Пандов рече дека од 2017 година откако Заев формира влада ништо не мрда во здравство, во образование, во правосудство, нема капитални инвестиции, нема странски инвестиции.

„Заев имаше одговор кој што како папагал го повторуваше – „Јас и цел мој владин состав сме насочени кон надворешната политика, кон интегрирање на Македонија во ЕУ пред се, а подоцна НАТО“. И по четири години негово владеење по руинирана максимална доверба кај граѓаните во ова праводуство, после здравство во кое што сме рекордери по смртност, после образование кое што го немаме, не функционира во моментов, после никаква странска инвестиција, како да му се верува на Заев на негова влада. Македонија поради оваа влада тапка во место“, нагласи Пандов.