Папата Франциск: Да се организираат хуманитарни коридори за мигрантите

49

Папата Франциск повика денеска да се организраат хуманитарни коридори за да им се укаже помош на мигрантите откако неодамна беше извршено бомбардирање во Либија.

Тој се обрати со такво барање до меѓународната заедница на неделната молитва на плоштадот Свети Петар.

Папата повика верниците да се молат за „незаштитените луѓе, убиените или ранетите во вторникот при воздушен напад во кој беше погоден центар за мигранти во Либија“. Во нападот загинаа 44 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.