Папата Франциск повика пропустите на Црквата да не одвраќаат од Бога

2019. ANSA/CLAUDIO PERI

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ги повика во вторникот, ден пред католички Божик, 1,3 милијрди римокатолици да не дозволат пропустите на Црвката да ги одвратат од прифаќањето на Божјата љубов.

Папата ја служеше литургијата на Бадниковата вечер во Базиликата на свети Петар во Ватикан. Фокусот на проповедта ја стави, како и вообичаено, на духовното и посебното значење на ноќта во којашто во Витлеем е роден Исус Христос.

„Божик нѐ потсетува дека Господ Бог и натаму нѐ сака, дури и најлошите меѓу нас. Можете да имата погрешни идеи, можете сѐ да упропастите, но Бог и натаму ќе ве сака. Колку често мислиме дека Бог е добар ако ние сме добри и дека нѐ казнува ако сме зли. Но тој не е таков“, рече папата Франциск.

„Да размислуваме за Дететот и нека нѐ обземе неговата нежна љубов. Тогаш повеќе нема да имаме изговор да не дозволиме Тој да нѐ сака“, додаде.

„Што и да тргне на лошо во нашите животи, колку и нешто да не функционира во Црквата, какви и да проблеми постојата во светот, тоа повеќе нема да биде изговор. Тоа ќе стане второстепено, бидејќи пред преголемата љубов на Исус, со чиста благост и близина, повеќе немаме изговори“, додаде папата.

Папата во среда, на католички Божик, ќе ја упати својата поради и благослов „Urbi et Orbi“ (На градот и светот) од балконот на Базиликата на свети Петар.

Во периодот од II до IV христијаните го слевеле Божик во ист ден како и Крштевањето Господово. Денеска оваа традиција ја сочувала само Ерменската апостолска црква. Првите спомнувања на Божик како посебен празник датираат од IV век. По големиот раскол во 1054 година, црквите на Истокот и Западот продолжуваат да го слават Божик во исто време до 1582 година, кога папата Григориј XIII го воведува новиот календарски систем – Грегоријанскиот календар, или познат како Нов стил.

Се верува дека датумот на празникот бил востановен произволно и ги заменил паганските празници во декември во Римската империја „Раѓањето на непобедливото Сонце“ и Сатурналиите односно празникот во чест на паганското божество Сатурн.

Предбожикниот период особено кај католиците се нарекува Адвент (од латинскот Adventus – Пришествие/ Доаѓање) и започнува четвртата недела пред презникот. На секоја од четирите недели во текот на Адвентот во црквите во текот на мисите има евангелски читања. На Бадник семејствата се собираат за вечера која се состои од посни јадења. Католиците на 25-ти декември служат три литургии – во текот на ноќта, во мугрите и во текот на денот, а во храмовите се поставуваат јаслите во кои е поставена фигурата на богомладенецот Исус.