Американската компанија за облака најпозната по нејзините фармерки „Levi Strauss & Co“ објави во средата дека ќе ги надомести патните трошоци на своите работнички на одредено и на неодредено време кои мора да патуваат во друга држава поради здравтвени услуги, вклучително и за абортирање.
Така оваа „Levi Strauss & Co“ е последната американска компанија којашто нуди погодности откако бројни сојузни држави го ограничуваат пристапот до прекинувањето на бременоста.
Американската јавност очекува дека Врховниот суд на САД ќе гласа за понуштување на пресудата од случајот „Роу против Вејд“ којашто го легализираше абортусот во целата земја, според првиот нацрт на мнозинското мислење коешто протече во јавноста, објави Politico во понеделникот.
„Гласот на работодавачите мора да се слушне за толку важно прашање и работодавачите мора да дејствуваат за да ги заштитат здравјето и благосостојбата на нашите вработени. Тоа значи заштита на репродуктивните права“, се наведува во соопштението на „Levi Strauss & Co“.
И други американски компании се обврзуваа во соопштенија дека ќе понудат слична поддршка за своите вработени во САД кои мора да патуваат надвор од сојузните држави како Тексас и Оклахома кои имаат ограничен пристап за абортус.
Од „Amazon“, вториот најголем работодавач во САД, во понеделникот објави дека на своите работнички годишно ќе им плаќа до 4.000 долари за патни трошоци за медицински третмани кои не се опасни по животот, вклучително и за абортирања, што е всушно примарната причина за овие одлуки.
Компанијата за онлјан рецензии „Yelp“ објави дека од мај ќе започне да ги покрива трошоците на своите работнички и нивните издржувани лица кои мора да патуваат во друга сојузна држава поради абортус. Инвестициската банка „Citigroup“ во март страна првата голема американска банка која решила за сличен потег.
Американските медиуми уште од 2019 година пишуваат дека станува збор за евидентен тренд на конзервативните пратеници и активистите на кампањата „За живот“ да се поништи пресудата на Врховниот суд од случајот „Роу против Вејд“ од 1973 година со кој на сојузно ниво е дозволено правото на прекин на бременоста. Се надеваат дека новите ограничувања за абортусот ќе дојдат до највисокиот американски суд каде што двајцата нови конзервативни судии би можеле да го соборат споменатиот судски случај.