Кинеските власти имаат намера да обезбедат мирно обединување на континенталниот дел со островот Тајван и ќе водат конзистентна политика „една земја – два система“ и решително ќе се спротистават на обидите на сепаратистите и надворешните сили да се мешаат во овој процес, изјави во саботата портпаролкат на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, коментирајќи ја неодамнешната изјава на американскиот претприемач Илон Маск за претворање на островот во посебен административен регион како Хонгконг.
„Прашањето на Тајван е едно од внатрешно-политичките прашања на нашата земја. Ние ќе продолжиме цврсто да се придржуваме до основната политика на мирно обединување (на татковината) во согласност со принципот ‘една земја – два система’“, изјави Мао на брифингот со новинарите во Пекинг.
Според кинескиот дипломат, Пекинг зазема „јасна и непроменлива позиција“ во однос на тајванското прашање.
„Ќе ги вложиме сите напори за мирно повторно обединување со Тајван“, додаде Мао Нинг.
Појасни дека Кина нема намера да дејствува решително за да стави крај на акциите на сепаратистите кои сакаат да постигнат независност на островот.
„Ние цврсто ќе ги ограничиме обидите на надворешните сили да интервенираат и решително ќе го браниме суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина“, заклучи Мао Нинг без конкретно да ги именува во прв ред САД кои се главните поддржувачи и воени заштитници на островот кој Пекинг го смета за своја одметната покраина.
Претходно во петокот Илон Маск, откако предизвика бура со предлозите за постигнување мир меѓу Украина и Русија, предложи Тајван да стане посебен административен регион на Кина според примерот на поранешните британски колонии Хонгконг и Макао.
Еден од најбогатите луѓе на планетата наведе дека конфликтот околу Тајван е неизбежен, но тоа скапо ќе го чини целиот свет. Маск изрази надеж дека доколку се случи војна во Тајванскиот теснец, неговата фабрика за електрични автомобили „Tesla“ ќе може да продолжи работи, дури и ако произведува автомобили само за кинескиот пазар.
Тајван е управуван од сопствена администрација од 1949 година, кога остатоци на силите на Куомитангот предводени од Чанг Кајшек (1887-1975) по поразот во граѓанската војна со Комунистичката партија на Кина побегнаа на островот. Оттогаш Тајпеј го задржа знамето и некои други атрибути на поранешната Република Кина, кои постоеја во континенталниот дел пред на власт да дојде Комунистичката партија.
Кина не го признава суверенитетот на Тајван и го смета за своја одметната покраина, и категорично се спротиставува на секој контакт на тамошните власти со официјални претставници на власти и војските на други земји. САД во намерите да ги избегне острите тензии со Кина декларативно наведува дека го признава „статус-квото“ и принципот на „една Кина“, но американскиот закон го обврзува Вашингтон да му овозможи финансиски и материјално на островот „право на самоодбрана“.
Кинеските власти се противат на официјалните контакти на други земји со Таван, бидејќи островот го сметаат за своја одметната покраина. Пекинг го зајакна воздушниот и поморски воен притисок и кибернетички напади на островот, откако претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси беше во посета на Тајпеј, што беше прва тава посета од која Вашингтон се воздржуваше повеќе од 25 години за да не се провоцира Пекинг. Потоа следеа уште две посети на Тајпеј на делегации на американски конгресмени.