Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси, најави дека долниот дом оваа седмица ќе предложи и ќе гласа за резолуцаија за воените овластувања за да ги ограничи воените акции на републиканскиот претседател Доналд Трамп кон Иран.
„Оваа резолуција е слична на онаа која ја предложи сенаторот Тим Кејн во Сенатот. Со неа повторно се воспоставвуа давно воведената надзорна одговорност на Конгресот со давање овластувања, доколку не биде преземена натамошна акција од Конргесот, да воените непријателства на админситрацијата кон Иран престануваат во рамките на 30 дена“, рече Пелоси во неделата вечерта по локално време.
Резолуцијата веројатно ќе биде одобрена во Претставничкиот дом каде што мнозинството го имаат демократите, но се чини дека нејзиното одобрување е помалку веројатно во Сенатот кој го контролираат републиканците. Имено, многумина од нив ги поддржуваат воените дејствија насочени против Иран.
Ирачкиот парламент во неделата едногласно донесе резолуција со којашто се повикува на заминување од земјата на силите на меѓународната коалиција предводена од САД.
Додека расте огорченоста поради американскиот атетентат врз влијателниот во регионот на Блискиот исток ирански генерал Касем Сулејмани, американскиот претседател се закани со напади доколку Техеран тргне во одмазда. Трамп, исто така, се закани со санкци ипротив Ирак, доколку американските војници мора да заминат од земјата, и порача дека Багдад ќе мора да му плати на Вашингтон за обуката на ирачките безбедносни сили и за тамошните многу скапи воздухоплни бази кои ги изградиле САД.