Претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ Клан вели дека и власта и опозицијата имаат тврд став кон Македонија, што би значело дека кој и да дојде на власт по изборите на 4 април нема да има промена во односот кон нашата држава.
Сепак, тој се надева дека сепак ќе се најде формула која нема да значи загрозување на основното човеково право за самоопределување.
Пендаровски вели дека по победата на Џо Бајден на американските избори, очекува оти ќе се засили присуството на САД на Западниот Балкан.
Во однос на македонските реформи во судството Пендаровски изјави дека со новата методологија за тоа т.н. прочистување во судството и во обвинителството, најавена од министерот за правда, сака да биде спроведена во наредниве месеци, година.
–Да не чекаме десетици години, да не бидат повеќе судии и обвинители, оние што не заслужуваат да бидат тоа, вели Пендаровски.