Пензиите ќе се исплаќаат предвреме за јуни, во четири групи

penzioneri

Пензиите за јуни ќе се исплаќаат во четири групи, почнувајќи од 26 јуни, во петок, со цел да се избегне ризикот од зараза со Ковид-19, одлучила Владата на денешната седница.

-За оваа цел, потребно е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.06.2020 година, а деловните банки од 26.06.2020 година да обезбедат пензионерите со јунските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, соопштуваат од Владата.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.6.2020 година (петок);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2020 година (понеделник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2020 година (вторник); и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.7.2020 година (среда).