Англискиот пратеник од конзервативците Нил Периш, денеска поднесе оставка откако призна дека „во момент на лудило“ два пати гледал порнографија на својот мобилен телефон во просториите, за време на дебата во Долниот дом на парламентот.
Колегите од Конзервативната партија го суспендираа Периш во петокот, откако тој самиот се пријави во парламентарната комисија за стандарди.
Периш, претседател на Комитетот за животна средина, храна и рурални прашања, кој ја претставуваше изборната единица Девон од 2019 година, поднесе оставка денеска, откако претходно изјави дека ќе продолжи да работи како член на парламентот додека трае истрагата.
„Го навлеков гневот на колегите и семејството и му наштетив и на моето семејство и на мојата изборна единица, едноставно нема смисла да продолжам понатаму“, рече Периш во солзи во интервју за Би-Би-Си во саботата.
На новинарката и рече дека првпат случајно наишол на експлицитни снимки, барајќи трактори на веб-страница со слично име, а потоа, како што рече, „накратко ги отворил страниците, иако не требало да го направи“.
„Но, мојот криминал е што по втор пат отидов на истите страници, но овој пат со умисла. Тоа го направив додека го чекав гласањето во просториите за расправа во парламентот.