Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска ќе присуствува на промоцијата на првиот произведен камион во Македонија од компанијата „Брако“ од Велес.
Најавено е обраќање на претседателот на Бордот на директори на „Брако група Велес“ Кочо Анѓушев и генералниот менаџер на италијанската компанија „Биострада“ Алесандро Енџоли.