Пет мртви и речиси 700 спасени мигранти близу италијанскиот брег

Nella notte le navi delle ong tedesche Sea Eye e Mission Lifeline hanno soccorso 400 persone in acque sar maltesi. I migranti sono ora sulla Sea Eye 4 che trasportava già altri 400 salvati nei giorni scorsi. La nave sta procedendo verso Lampedusa.

Речиси 700 мигранти се спасен а пет мрви тела се извлечени во саботата на јужниот брег на Италија, соопшти во неделата италијанската крајбрежна стража која додава дека поволните временски услови му одат во прилог на зголемениот прилив мигранти кои преку Медитеранот се обидуваат да стасаат до Европа.

Повеќето од 674 мигранти се пронајдени на рибарски брод на 124 наутички милји од брегот на Калабрија, на ткн „чизма“ на Италија. Другите се спасени во морето. Операцијата на пребарување и спасување ја спровеле трговски брод, крајбрежната стража и италијанската финансиска полиција.

Мигрантите се пренесени до крајбрежните градови на Сицилија и Калабрија во неделата претпладнето, се наведува во соопштението. Петте безживотни тела се предадени во мртовечницата во болницата во сицилијанскиот град Месина.

Повеќе од 34.000 баратели на азил и мигранти пристигнале во Италија од почетокот на годинава, што е за 25.000 лица повеќе споредено со истиот период минатата 2021 година, покажуваат податоците на италијанското министерство за внатрешни работи.

Медитеранските земји кои се на главните мигрантски рути кон Европа очекуваат повеќе од 150.000 доаѓање годинава. А сега тоа без основа се припишува на наводниот недостиг од храна предизвикан од војната во Украина којашто наводно се заканува со нов мигрантски бран од Африка и од Блискиот исток. Поборниците на оваа теза, сепак, од предвид го изземаат фактот дека станува збор за несмален прилив на мигранти од споменатите подрачја веќе речиси десетина години.

Од неделата утрото, бродот кој плови под норвешко знаме „Ocean Viking“ забележал пренатрупан гумен чамец во меѓународните води близу брегот на Либија и преземал 87 лица, меѓу кои и 57 малолетници без придружба на возрасни, објавено е на Twitter.

Одвоено, во саботата германски брод за пребарувања и спасување на море со кој управува невладино здружение „Sea-Watch“ спасил повеќе од 400 мигранти, вклучително и неколку деца и две бремени жени, коишто пловеле со четири преполни бродови, се тврди во објава на социјалните мрежи. Според „Sea-Watch“, мирното море и стивнувањето на ветровите помогнале во мигрантските допловувања до италијанскиот брег.

Во сицилијанското пристаниште Лампедуза повеќе од 400 мигранти се истовариле ноќта кон неделата, по новите 350 мигранти во саботата, создавајќи дополнителен притисок врз центарот за прием на мигрантите на островот, во кој сега се сместени илјада лица.