Петков до Радев: Посетата не беше избрзана, туку задоцнета

Бугарскиот премиер Кирил Петков се спротивстави на претседателот Румен Радев, кој го прекори дека неговата посета на Скопје била „избрзана“. Според Петков, посетата на Скопје „не само што не беше избрзана, туку и ужасно задоцнета“.

„Вистината е дека изгубивме 30 години во овие односи. Не само што не се брзаше со мојата посета туку беше ужасно задоцнета. Жал ми е што пропуштивме толку многу години и немаше да поднесеме да доцниме уште неколку дена. Има многу сили на Балканот кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од Европската унија. Нестабилен Балкан во оваа геополитичка ситуација има предности за земјите кои не ни мислат добро“, рече Петков, додавајќи дека е добро што надворешната политика на Северна Македонија и Бугарија зависи од премиерите на земјите.