Петкова: наменско и рационално искористување на буџетските средства

Лидија Петкова пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на собраниска седница до власта посочи дека стабилност во економијата во Македонија не може да се обезбеди без наменско и рационално искористување на буџетските средства, а такво нешто засега граѓаните не гледаат.

„Помош и поддршка за изградба на станови за вработени од сите делови на Македонија од типот на актуелните станови за лица од ранливи категории, со цел вработување на млади кадри со посебен акцент на инженери, односно државна помош за нивно сместување барем во првите две години. Ова е амандман кој што ние го поднесовме, а парламентарното мнозинство го одби“, истакна Петкова.

Петкова додаде дека се бараа низа ефикасни мерки, но власта немаше слух, едни од тие метки беа зајакнување на квалитетот на образовни програми односно образование соодветно на потребите на реалниот сектор. Одобрување на комуникацијата помеѓу државата и странските компании, нула отсто царина додека Македонија влезе во ЕУ, а потоа изедначување на царинските стапки во Македонија со оние на ЕУ. А, доколку тоа не е можно во најмала рака да се изврши адаптација на нашите царински стапки со царинските стапки на ЕУ, а се со цел да бидат конкурентни на пазарот и да не губат клиентите. Бројни законски измени за процедурите за финансиска поддршка, процедурите за купување на земјиште, законот за ТИРЗ. Државната помош од Владата да се реорганизира со цел рамномерен регионален развој, односно да се стимулираат инвестиции и надвор од главниот град, на пример различни коефициенти да има за помош при креирање на работни места настрана од Скопје.

„Ова се мерки кои власта требаше да ги прифати, ова се закони кои треба да се носат по итна постапка, а не по итна постапка да носиме закон за заштита на населението од заразни болести. Економските мерки мора да се реализираат според приоритетите. Претпријатијата имаат потреба од директна помош, а не од социјални мерки Бидејќи ваквиот пристап е неодржлив затоа што не создава додадена вредност“, нагласи Петкова.