Пирло помошник на Манчини на клупата на „азурите“?

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Италија, Андреа Пирло би можел да му асистира на Роберто Манчини на клупата на „азурите“, јавуваат италијанските медиуми.

Пирло по заминувањето од „Јувентус“ кариерата ја продолжи во САД, каде лани се пензионираше во дресот на „Њу Јорк Сити“. По кусиот одмор тој планира да продолжи со фудбалот, но сега како тренер.

Тренерската кариера би можел да ја почне како помошник на селекторот на националниот тим.
Според италијанските медиуми, Пирло е главен кандидат за местото асистент, ако Манчини официјално ја преземе репрезентацијата на Италија.

Би било одлично да работам во репрезентацијата. Националниот дрес за мене беше како друга кожа-изјави Пирло.

Тој би можел да потпише двегодишен договор вреден речиси два милиони евра.
Пирло за „азурите“ одигра 116 натпревари, а во 2006 година со Италија стана светски првак.