![tetovo policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/tetovo-policija.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Вработен во тетовско основно училиште вчера пронашол пиштол во кругот на училиштето.
Од тетовската полиција информираат дека случајот кај нив е пријавен во 16:45 часот.
-Во СВР Тетово пријавено е дека 33-годишен вработен во тетовско основно училиште, на спортско игралиште во кругот на училиштето, пронашол пиштол, истакнуваат од СВР Тетово.
Додаваат дека пиштолот е подигнат за вештачење и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.