Авторот на планот на САД кој сѐ уште се чува во тјаност за ставање крај на израелско-палестинскиот судир во средата на Twitter откри уште еден елемент кој нема да биде дел од договорот, а тоа е конфедерација на идната палестинска држава и Израел со соседен Јордан.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Џејсон Гринблат, минатиот петок, исто така, на Twitter напиша „Неточно!“ коментирајќи ги медиумските извештаи за тоа дека според предлогот дел од египетската Синајска пустина би се додал на соседната палестинска територија во Појасот Газа, каде на власт е исламистичкото движење Хамас.
Гринбалт во средата демантираше дека со договорот е предвиена конфедерација којашто ги вклучува Јордан, Израел и Палестинската самоуправа, којашто управува со ограничен дел на окупираниот Западен брег (од реката Јордан).
„@KingAbdullahll & #Jordan се силни американски сојузници. Шпекулациите за тоа дека нашата мировна визија вклучува конфедерација на Јордан, Израел и Палестинската самоуправа, или дека визијата разгледува да го направи Јордан татковина за Палестинците се неточни. Ве молам не ширете шпекулации“, напиша Гринбалт.
Високиот советник на Белата куќа, Џаред Кушенр, еден од главните творци на мировниот договор, рече во вторникот дека договорот ќе биде објевен во јуни по завршувањето на мислиманскиот свет месец на постот Рамазан. Кушнер, која е во брак со ќерката на претседателот Иванка Трамп со која заедно го исповедаат јудаизмот, не кажа дали договорот се залага за решението со две држави, што беше цел на претходните американски мировни напори.
Палестинските лидери повикаа на создавање независна држава покрај Израел на Западниот брег и Појасот Газа, чиј главен град би бил источен Ерусалим. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, кој на изборите пред две седмици го освои петтиот последователен мандат, уште во 2009 година наведе низа услови за создавање на независна држава Палестина. Израел, исто така, одлучно го отфрла барањето за нејзин главен град истакнувајќи дека Ерусалим е негова „историска, единствена и недделива“ престолнина.
Мировните преговори со кои раководеа САД пропаднаа во 2014 година, делумно и поради ширењето на еврејските доселенички населби на окупираните териториии кои Палестинците ги сакаат како дел од својата идна држава, на Западниот брег и во источен Ерусалим. Нетанјаху, во последните мигови од својата предизборна кампања ги разгневи Палестинците, велејќи дека планира да ги присоедини еврејските населби на Западниот брег, доколку повторно биде избран за израелски премеир.
Американскиот предлог, кој во изминатите 18 месеци беше одложуван од различни причини, се состои од два главни дела. Содржи политички дел кој се занимава со клучните проблеми како што е статусот на Ерусалим, и економски чијашто цел е да се помогне да зајакне палестинската економија.
Палестинските челници му порачаа на Трамп дека тој не може да биде чесен посредник откако во 2017 година ја прекина долгогодишната практика на американските претседатели и го потпиша указот изгласан во Конгресот во 1990-те со кој се признава Ерусалим како главен град на Ираел и од ланскиот мај ја започна постапката за преселување на амбасадата на САД од Тел Авив.