Платите на европските комесари надминуваат 20 илјади евра

Поединечни плати на европските комесари на 28 членки на Eврозоната се повисоки и од 20 илјади евра. Сите земји членки на ЕУ имаат по еден член во Европската комисија, пренесуваат белгиските електронски медиуми. Европскиот комесар за економија, Белгијанецот Каел де Гухт како еден од т.н „стандардни“ министри има бруто месечна плата од 20.667 евра. Гухт добива и надоместок од 15 отсто од месечните примања за станарина што е 3100 евра, како и премија за месечните трошоци за презентација од 607 евра.

Потпретседателката на ЕК, Холанѓанката Нили Крос како и Вивиан Рединг имаат месечни примања од 22.963 евра. И тие добиваат посебен надоместок за трошоците за сместување во висина од 15 отсто од месечната плата што изнесува 3.444 евра како и премија за месечна презентација од 911 евра.

Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо има бруто месечна плата од 25.353 евра плус додаток за трошоците за станарина во износ од 3.803 евра и месечна премија за презентација од 1.418 евра.

Оданочувањето на бруто-платите се пресметува во 14 различни категории и изнесува од осум до 45 отсто. Но, Европската комисија во 2009 година потрошила 3.908.391 евра за патувања, вечери и подароци.

Кога на европскиот комесар ќе му истече мандатот, нему му се исплаќа отпремнина од една месечна плата како и надоместок на трошоците за селење.

Бруто месечните плати на чиновниците во ЕУ се поделени на шест нивоа од 2.654 евра до 18.370 евра.
Во европските инстутитуции работат 55 илјади луѓе од кои 10 илјади се вработени според договор за работа, а во Брисел работи 58 отсто од европскиот персонал. Европската комисија има најголем број на чиновнции 33.030.

Минималното бруто месечно примање на соработниците кои работат на основа на договор за работа изнесува од 1.847 евра до 6.599 евра. Постојат шест нивоа на плата на постојано вработените. Најниска плата имаат архиварите и нотарите и нивната бруто плата е 2.654 евра.Највисока плата имаат генералните директори во износ од 18.370 евра.

Постојат и различни додатоци кои месечно се исплаќаат како додаток за семејна поддршка кој изнесува 170 евра на кој се додава и износот од два отсто од месечните примања. Освен ова, на службениците месечно им се исплаќа 373 евра за секое дете кое оди на училиште, како и премија за месечна презентација од 911 евра.

На сите чиновници кои не се државјани на државата во која работат, се плаќа додаток во висина од 16 отсто од месечната заработувачка, поради што нето платите на одредени службеници се поголеми од бруто примањата.

Дневниците на европските парламентарци кои дополнително се исплаќаат, изнесуваат 304 евра. Пратениците на Европскиот парламент имаат право на исплата од 4.299 евра месечно на име на општи трошоци. Европски пратеник кој десетпати повеќе присуствува на заседување на парламентот, покрај редовната плата може да заработи и до 9200 евра.