Сопружниците Дик и Ширли Мик, кои биле во брак цели 70 годни, починале од последици на заразата со коронавирусот во болница во американската сојузна држава Охајо, држејќи се за рацете само три дена пред да ја добијат вакцината.
Семејсвото извести дека починеле еден по друг за само неколку минути на 16-ти јануари. Дик имал 89, а Ширли 87 години.
Првата доза од вакцината требало да ја примат на 19-ти јануари, на денот кога Дик ќе го прославеl 90-от роденден. Тој и Ширли се запознале во средното училиште и оттогаш биле заедно. Во декември одбележале 70 години од бракот.
Имале пет деца, 13 внуци и 28 правнуци. Како што наведуваат членовите на нивното семејство, живееле активен живот, дури и во доцните години. Истакнуваат дека секогаш биле заедно и дека секогаш имале доволно време еден за друг.
„Не беа типичен деведeсетгодишник и осумдесет иосумгодишничка. Двајцата беа многу здрави и витални за своите години. Толку нагло нѐ напуштија“, изјави за телевизијата CNN нивната ќерка Деби Хоувел.
Чувствувале сиптоми на болеста, но верувале дека станува збор за обична настинка. Со текот на времето симптомите станувале сѐ поизразени, по што одлучиле да се тестираат на коронавирусот. Резултатите од 26-ти декември покажале дека и двајцата се позитивни.
Дик бил хоспитализиран на 2-ри јанури, а два дена по него и Ширли, поради влошена здравствена состојба. Првично било предвидено да бидат згрижени во две различни болници, но на крајот и двајцата се сместени во истата болница „Ривесајд Методист“.
Деби вели дека во почетокот биле оптимисти во врска со нивното закрепнување, но компликациите на белите дробови станувале поизразени. Сфаќајќи дека веројатно имаат само уште неколку денови од животот, членовите на семејството побарале новните родители да бидат сместени во иста болничка соба.
„Не сакавме да ги раздвојуваме, бидејќи во животот им беше најважно да бидат заедно. Сакавме да можат да се држат за рацете и притоа да ја слушаат омилената музика“, додава во прилогот Деби.
Медицинска сестра направила листа од нивните омилени песни во траење од два часа. Ја слушале музиката држејќи се за рацете. Прво починала Ширли, а неколку минути подоцна и Дик. Семејстото му се заблагодарило на болничкиот персонал кој искажал големо почитување кон неговата љубов, се додава во прилогот на CNN.