По бегството на Мијалков, Спасовски денеска поднел оставка?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска си поднел оставка од функцијата, дознава Нетпрес од извори во СДСМ.

Причина за наводната ставка е вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, обвинет за случајот Таргет-тврдина.

Оставка од Спасовски претходно побара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која обвинува дека институциите иако знаеле, не презеле ништо за да го спречат бегството.